После три сета Димитров го совлада Нишикори и освои Бризбејн


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бугарскиот тенисер, Григор Димитров го освои АТП турнирот во Бризбејн бидејќи во финалето го совлада петиот тенисер во светот, јапонецот Кеи Нишикори.

Тој славеше со 2:1 во сетови (6:2, 3:6 и 6:3) после еден час и 50 минути игра.

Ова беше четврт дуел помеѓу овие два тенисери и прва победа за бугаринот.

Во првиот сет Димитров направи два брејка и го освои со 6:2. Нишикори во вториот сет возврати со два брејка и го израмни резултатот во сетови, 1:1. Со брејк во осмиот гем во одлучувачкиот сет бугаринот го освои АТП турнирот во Бризбејн.

На патот до финалето Димитров запиша четири победи. Во првото коло го совлада Џонсон, а потоа подобар беше од Николас Мау, Доминик Тим и Милош Раониќ.

За Димитров ова беше пета титула во кариерата, а прва во 2017-та година.