Чикаго до победа со неверојатен пресврт – Сан Антонио и Бостон без проблеми!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во НБА лигата беа одиграни 7 натпревари, а најмногу возбудувања беа видени во натпреварот помеѓу Чикаго и Торонто.

Чикаго во еден момент имаа 19 поени помалку, но со одлична игра во последната ¼-на успеаа да изборат продолжение, а на крајот и да победат со 123:118.

Џими Батлер одигра уште еден фантастичен натпревар. Со 42 постигнати поени беше најдобар играч во натпреварот, а притоа додаде и 10 скокови, 5 асистенции и 3 украдени топки.

Сан Антонио стигна до победа на домашен терен. Овој пат жртва беше Шарлот, кој беше поразен со 102:85. Најдобар беше Дејис Бертанс со 21 поен. На другата страна Кемба Вокер постигна 18 поени.

Бостон успеа да стигне до сигурна победа во дуелот со Њу Орлеанс. Кај домаќините најдобар беше Томас со 38 поени, а кај гостите најдобар беше Ентони Дејвис.

Останати резултати:

Индијана – Њујорк 123:109
Минесота – Јута 92:94
Оклахома – Денвер 121:106
Далас – Атланта 82:97