Трета победа во низа за Реал Бетис – Стојановски постигна 11 поени во победата против Уникаха


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Реал Бетис славеше на домашен терен со 76:68 против Уникаха во натпревар од 16-то коло од АЦБ лигата.

Подобро стартуваа кошаркарите на Реал Бетис, со серија од 7:0. Смит со тројка ја прекина серија на домашните. Следуваше серија од 5:0 на домашните и водство од 12:3 на средината на првата четвртина. Гостите се разиграа направија огромна серија и пресврт на натпреварот. Лафајет со тројка му донесе водство на гостите од 12:15. Домашните 35 секунди пред крајот на натпреварот повторно го вратија водството со двата поени на Локет со кои ги постави конечните 17:16 после десет минути игра.

Само пет поени беа постигнати за две минути во втората четвртина. Потоа три минути ниту еден од клубовите не постигна кош. Неефикасноста ја прекина Радичевиќ кој со двата поени му донесе водство на Бетис, 24:18. Пред крајот на полувремето беше направен фаул за три поени над Шери. Кошаркарот на домашните ги погоди сите три и на полувреме Бетис имаше водство од 32:25.

Со тројката на Нахбар беше отворена третата четвртина. Бетис тогаш стигна до двоцифрена предност, 35:25. Се играше кош за кош се до последната минута кога гостите беа подобри. Постигнаа четири поени во серија од слободни фрлања и во последните десет минути од натпреварот влегоа со негатива од седум поени, 50:43.

Четири минути пред крајот на натпреварот домашните имаа водство од 57:50. Тоа водство кошаркарите на Уникаха направија серија од 6:0 и намалија на само еден поен, 57:56. После подолго време гостите стигнаа до израмнување во натпреварот со двата поени во серија на Суарез, 61:61 стоеше на семафорот три минути пред крајот на натпреварот. Домашните после тоа израмување се разиграа и со серија од 6 поени стигнаа до водство од 67:61. Недовиќ ја прекина серијата на Бетис со тројка и намали на 67:64. Војдан Стојановски постигна пет поени во серија за водство на Бетис од 72:64 на една минута до крајот на натпреварот. Реал Бетис на крајот славеше со 76:68.

Локет со 14 поени беше најефикасен во тимот на Реал Бетис. Војдан Стојановски, Радичевиќ и Махалбашиќ постигнаа по 11 поени. Двоцифрен во тимот на Бетис беше и Шери кој постигна 10 поени. Брукс и Смит со по 14 поени беа најефикасни кај Уникаха.