Невремето ја расипа трката – Откажана 6-та етапа на Дакар


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


6-та етапа на Рели Дакар беше откажана поради лошото време во Боливија. Натпреварувачите по откажувањето тргнаа во Ла Паз, каде ќе поминат слободен ден.

Организаторите пред стартот на 6-та етапа испратија надгледувачи да ја проверат 786 км долгата етапа од Орур до Ла Паз, но беше констатирано дека теренот е лош.

5-та етапа, која беше возена во петок, исто така беше скратена поради лошите временски услови.

Пред продолжување на релито, Сем Сандерленд е на првата позиција во конкуренција на возачи на мотор додека кај автомобилистите најдобар е Стефан Петерхансел.