„Плачев поради Тина Мазе“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американската скијачка Микаела Шифрин откри по простувачката трка на Тина Мазе дека таа и била инспирација.

Тина во саботата се прости од професионалното скијање, бидејќи на почетокот на сезоната најави дека велеслаломот во Марибор ќе и биде последна трка во кариерата. Кариерата ја заврши на исто место каде што ја започна, бидејќи во Светскиот куп дебитираше баш таму во 1999 година.

„Тина Мазе ја извозе својата последна трка. Нема да лажам, плачев додека гледав како скија до целта. Таа беше неверојатна инспирација за мене во текот на многу години. И честитам на одличната кариера.“