Одлична серија на Интер – Последна жртва е Удинезе!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Интер славеа против Удинезе во рамките од 19тото коло од Серија а со резултат 2:1 во гости.

Херој на натпреварот беше Иван Перишиќ кој постигна 2 погодоци за екипата на Интер и во последните минути од натпреварот постигна одлучувачки погодок и од Удине се врќаат со 3 бода.

Удинезе имаше рано водство уште во 17тата минута со голот на Јанкто додека асистент беше Самир.

Удинезе беше подобар во првиот дел, поништен гол на Перишиќ, но Интер усепа да изедначи во еден клучен момент, во судиското надополнување од првиот дел. Стрелец се разбира, Иван Перишиќ, додека асистенција запиша Икарди.

Во вториот дел Удинезе продолжуваше да напаѓа и да биде опасен, но сепак Интер ги однесе трите бода и ја запиша четвртата победа во низа, секако со голот на Иван Перишиќ во 87мата минута.