Пелегрини го доведува некогашниот играч на Сити во Кина?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Некогашниот тренер на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини одлучи својата тренерска кариера да ја продолжи во кинескиот тим Хебеи Фортуна.

Пелегрини го напушти Сити на крајот од минатата сезона и на изненадување ја прифати понудата од Кина. Веќе ни е добро познато дека клубовите од Кина се доста богати и ретко кој ги одбива нивните понуди.

Англиските медиуми ни пренесуваат дека Пелегрини повторно сака да си има работа со Вилфред Бони, односно сака да го доведе во Хебеи Фортуна.

Бони игра во Стоук, и не се отфрла можноста да премине во Кина и тоа до крајот на овој месец.

Од Хебеи Фортуна се подготвени да платат дури 35 милиони фунти за овој напаѓач, а тоа сопствениците на Стоук тешко дека ќе го одбијат.