„Не добив шанса да се докажам во Интер“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Црногорскиот репрезентативец Стеван Јоветиќ својата кариера најверојатно ќе ја продолжи во Севиља.

Оваа сезона Јоветиќ натпреварите ги следеше од клупата, а на денешниот против Удинезе не беше ни на клупа. Тоа е знак дека Стеван заминува.

„Никогаш не добив шанса да се докажам во Интер, а која е причината за тоа незнам. Сезонава одиграв 70 минути што е премалку. Се надевам дека трансферот во Севиља ќе се заврши најбрзо што може“ – вели Јоветиќ

Јоветиќ во Севиља би требало да замине на позајмица до крајот на сезоната по што Севиља ќе го откупи неговиот договор.