МЗТ падна во финишот – Нов пораз за аеродромци


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на МЗТ Скопје беа поразени од Цибона на гости со 87:79 во натпревар 17-то коло од АБА лигата.

Цибона го започна натпреварот со тројка на Јоксимовиќ, 3:0. Дреновац постигна пет поени во серија и му го донесе првото водство на МЗТ во натпреварот, 3:5. Две минути пред крајот на првата четвртина домашните кошаркари постигнаа шест поени во серија за водство од 17:12. Со четири поени на Рејнолдс, Цибона ја доби првата четвртина со 21:14.

Тројката на Дреновац и двата поени на Младеновиќ, МЗТ намали на 23:19. Аеродромци се разиграа во втората четвртина, а со тројките на Кларк и Симоновски намалија на три поени негатива, 36:33. Во последната минута од втората четвртина со четирите погодени слободни фрлања на Клоф, МЗТ намали на еден поен, 38:37. Серијата на кошаркарот на МЗТ ја прекина Шакиќ кој зголеми на 40:37. Рејнолдс погоди едно од двете слободни фрлања на крајот на втората четвртина и на семафорот на полувреме стоеше резултатот 43:41.

Две минути во третата четвртина без постигнат кош. Со серијата на Дреновац од пет поени, МЗТ после подолго време го израмни резултатот, 48:48. Рејнолдс со тројка ја прекина серијата на кошаркарот на МЗТ. Цибона после израмнувањето се разигра и зголеми на 7 поени, 57:50. Шест поени во серија на домашните кошаркари и двоцифрена предност две минути пред крајот на третата четвртина, 63:53. Тројката на Дреновац во последните секунди од третата четвртина ја намали предноста на Цибона на 11 поени, 69:58.

МЗТ во последната четвртина направи серија од 9:0 и го израмни резултатот, 74:74 четири минути пред крајот на натпреварот. Јоксимовиќ погоди двојка и ја прекина серијата на МЗТ, 76:74. Аеродромци после подолго време стигнаа до водство, а тројка погоди Клоф, 76:77. Шест поени во серија постигнаа кошаркарите на Цибона и имаа водство од 85:79 во последната минута од натпреварот. Цибона на крајот славеше со 87:79.

Шакиќ ја предводеше Цибона до победа со 26 поени. Рејнолдс доаде 19, Јоксимовиќ 12, а Бошњак 10 поени. Дреновац со 27 поени беше најефикасен во тимот на МЗТ Скопје. Клоф постигна 16 поени, а двоцифрен натпреварот го заврши и Скот кој постигна 12 поени.