Словенците не успеаа да издржат – Будуќност го скрши отпорот на крајот!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денес беше одигран натпревар во АБА лигата од 17-то коло помеѓу Крка и Будуќност.

Натпреварот беше израмнет, но на крајот Будуќност успеа да дојде до победата во натпреварот со 75:67.

Во првата ¼-на видовме голема борба помеѓу двата тима додека во втората домаќините одлично одиграа и заминаа на полувреме со 5 поени разлика.

Во второто полувреме тимот на гостите успеваше да се врати полека, но сигурно. Во последната ¼-на ги надиграа домаќините и успеаа да ја добијат таа ¼-на со 9 поени разлика кои беа доволни за победа на гостувањето во Словенија.