„Конечно се забавувам..“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Прво беше „Бејби Федерер“, ша потоа „Најголем талент“. Долго Димитров се бараше себеси, но и титулата во Бризбејн навестува дека е на вистински пат до врвот.

„Конечно уживам во тенисот, шест години играм професионално тенис, но ова е прв пат да кажам дека се забавувам. Многу сум среќен, многу ми значи овој трофеј.“

Тој го победи Кеи Нишикори и ја освои 5-та титула во кариерата, а и Јапонецот беше задоволен со постигнатото.

„Прво финале за мене, добар турнир и голем успех. Носам убави спомени од Бризбјен и ова е добар знак за мене.“