Врвот и бега се подалеку на Барселона – Жолтата подморница за малку ќе ги потопеше Каталонците


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес беше одигран натпреварот од 17-то коло помеѓу Виљареал и Барселона.

Натпревар исполнет со многу возбудувања, но само 2 голови, по еден на двете страни.

Во 9-та минута Џонатан Дос Сантос уништи одлична шанса на Виљареал во шеснаесетникот. Испрати удар со волеј, но тој заврши над пречката.

Потоа во 13-та минута Дос Сантос повторо имаше шанса, но одбранбените играчи добро интервенираа.

Барселона како да се разбуди, па во 24-та минута имаше одлична шанса Нејмар, но ударот заврши покрај голот.

Во 43-та минута Меси испрати, нетипично од него, удар со глава, но голманот беше на висина на задачата.

За гол мораше да почекаме до 49-та минута кога Пато испрати одлична топка во шеснаесетникот, а до неа стигна Сансоне и постигна гол за 1:0.

Барселона потоа се обиде да се врати во натпреварот, но не успеваше. Најзрелата шанса ја имаше Меси во 73-та минута кога ја погоди левата статива.

Кога сите помислија дека е готово, Меси во 1-та минута од судиското продолжение погоди за израмнување на резултатот на 1:1.

До крајот на натпреварот немаше ништо посериозно освен вториот жолт картон на Коста, по кој мораше да го напушти теренот неколку секунди пред крајот на натпреварот.