Јувентус не го дава врвот – Доминантна победа против Болоња


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес се одигра натпреварот помеѓу Јувентус и Болоња во Серија А.

Одличен натпревар со доминација на Јувентус во текот на цел натпревар.

До првиот гол не чекавме многу, само 7 минути кога Игуаин успеа да постигне гол во долниот десен агол.

Во 24-та минута Маркизио имаше неверојатна шанса, но Антонио Миранте со уште поневеројатна одбрана.

Во 41-та минута беше досуден пенал за Јувентус, кој го искористи Дибала и зголеми на 2:0.

До крајот на натпреварот најважно нешто беше вториот гол на Игуаин кој го постигна со глава во 55-та минута и ги постави конечните 3:0.