Лион го декласираше Монпеље!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денеска на програмата се повеќе натпревари од францускиот куп, а последниот е дуелот помеѓу Лион и Монпеље во кој Лион секако влезе како фаворит, а и ја оправда таа улога, слаеше дури со 5:0 против екипата на Монпеље.

Уште во 4тата минута Лаказет донесе водство на Лион, а 5 минути подоцна стрелаше и Диакби за да го потврди потопот на Монпеље кој беше на повидок. До крајот на првиот дел Лион постигна уште еден погодок и тоа стрелец беше Фекир во 42рата минута.

Лион продолжи да игра фантастично како што им доликува и во вториот дел од натпреварот, но за четврт погодок ја почекавме 71вата минута кога Корнет ја затресе мрежата на Монпеље. Само четири минути подоцна, Корнет го постигна својот втор погодок денеска за конечно 5:0.

А ова се резултатите од останантите натпревари кои се играа денеска

Оксер – Троја 4:2

Клермонт – Бордо 0:1

Ленс – Мец 2:0

Сен Женевиев – Каен 0:3

Лориен – Ница 2:1
Тулуз – Марсеј 1:2
Биариц – Рен 0:6
Шатеру – Пау 4:1
Гранвил – Анжер 1:2
ИЦ Кроа – Сент Етјен 1:4
Истра – Консулат 1:3