Стигнува како порачан за Гвардиола: Манчестер Сити ќе пазарува од Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ би можел кариерата да ја продолжи во ПЛ.

Според медиумите, одличниот играч е на праг да потпише договор со Манчестер Сити.

Тој повеќе не е во плановите на Енрике, па тој одлучи да замине од клубот.

Од друга страна, Гвардиола има потреба од засилувања во средниот ред во зимскиот преоден рок.

Ракитиќ оваа сезона одигра 12 натпревари во Примера, односно 21 натпревар во сите натпреварувања и постигна 3 голови.

Член на Барселона стана во 2014 година кога за 18 милиони евра дојде од Севиља.

Неговата цена во моментов е 50 милиони евра, но се верува дека Сити ќе плати многу помалку пари за овој трансфер.