Колашинац го договори трансферот во Јувентус!

January 8th, 2017 | by Dare Smilanov
Колашинац го договори трансферот во Јувентус!
Трансфери
0

Сеад Колашинац ова лето ќе стане играч на Јувентус.

Сјајниот 23 годишен босанец, според гласините на Скај Италија се договорил да премине во Јувентус ова лето.

Колашинац ќе пристигне од Шалке и тоа како слободен играч бидејќи со тимот на Шалке има важечки договор до јули оваа година.

Така што тој летото ќе премине во Торино и тоа како замена за Патрик Евра.

Ливерпул, Манчестер Сити како и германскиот великан Баерн Минхен покажуваа интерес за Сеад Колашинац покрај Јувентус, но по се изгледа тимот од Торино беше најбрз во трката.

 

Comments are closed.