Енрике го искоментира можното заминување на Ракитиќ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иван Ракитиќ го пропушти гостувањето на Барселона кај Виљареал, а бидејќи не се знаеше вистинската причина се појави шпекулација дека се договорил со Манчестер Сити.

Но, се чини дека тој трансфер, барем засега, нема да биде ништо.

„Преговараме околу нов договор.  Ми се допаѓа како играч и како личност. Има договор и сакаме да остане“, рече потпретседателот на Барселона Жорди Местре.

Изостанувањето на Ракитиќ после ремито од 1:1 против Виљареал го искоментира и тренерот на Барса Луис Енрике.

„Јас одредувам кој ќе игра, тоа е моја работа. Нема говор за трансфер на Ракитиќ, не ми е грижа дали таа приказна ја поткренуваат медиумите во Англија, Хрватска…Не верувајте на медиумите“.

За самиот натпревар Енрике рече:

„Ги заслуживме трите бода по шансите, но не ги зедовме. Првенството нормално не е готово, има уште време, но многу од тоа зависи од Реал. Ние сега ќе се бориме до крај“.

Лео Меси ја спаси Барса од пораз во 90 минута. Реал им бега пет бода со натпревар помалку!

„Судијата? Ништо нема да речам за него. Морате да бидете подобар од противникот, па вас судијата не може да ви наштети“.