Напаѓачот останува во Милан!

0

Иако се сметаше дека ќе си замине овој преоден рок, Карлос Бака дефинитивно ќе остане во Милан.

Тоа го потврди неговиот менаџер Серхио Бариља.

„Зборувам со Карлос секој ден, вчера беше многу среќен. Сега е среќен овде, игра добро и од клубот се задоволни. Поради тоа нема причина за да си замине“ – вели неговиот менаџер

Карлос Бака го постигна решавачкиот погодок против Каљари во 87мата минута за победа на Милан од 1:0

Share.