Пике кон претседателот на Примера: „Ти, баш ти, дали го виде“

January 9th, 2017 | by pance
Пике кон претседателот на Примера: „Ти, баш ти, дали го виде“
Шпанија
0

Неверојатна сцена после натпреварот Виљареал и Барселона…

Барса не успеа да ги однесе бодовите од тешкото гостување, сега Реал има пет бода повеќе со оглед дека Лос Бланкоси ќе бидат и домаќини во пролетното Ек Класико тоа  е баш убава предност, со тоа што имаат и меч помалку.

Каталонците беа незадоволни од судењето, иако се спасија во самиот финиш. Оштетени се за пенал кога Бруно играше со рака во својот казнет простор, а имаа многу примедби и после уште една ситуација во казнетиот простор.

После мечот шок.

Џерар Пике се обрати на претседателот на сојузот Тебас кој седеше во ложата.

„Ти, баш ти, дали го виде“ урлаше Пике кој првиот човек на шпанскиот фудбал кој не крие дека е навивач на Реал.

„Нема да лажам, навивам за Реал, и на стадионот, и со пријателите по баровите кога бев млад, но тоа нема никаква врска. Едноставно, ги сакам сите клубови и јас сум претседател, кон сите сум ист“, рече неодамна Тебас.

Тој меѓутоа после тие сцени на крајот на мечот Барселона неодамна кога некој играчите на Барселона е погоден со боца на Местаљљ рече дека Каталонците ги провоцирале домашните навивачи што предизвика вистинска војна со Барса.

Тоа наведе каталонскиот клуб да побараат негова смена, но и да му се закануваат со суд.

Во секој случај, ситуација каква што нема да видите дури ни во дивите балкански лиги…

Comments are closed.

I Like SuperSport close[x]
Или почекајте 20 секунди