Билиќ го сакаше најдоброто, а доби засилување од Брентфорд!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Екипата на Вест Хем во текот на оваа недела ќе добие засилување во нападот.

Иако Славен Билиќ во своите редови сакаше големо име, ќе мора да се задоволи со Скот Хоган, напаѓач од екипата на Брентфорд која игра во Чемпионшип.

Англиските медиуми пишуваат дека до крајот на оваа недела ќе има потпишан договор, а Вест Хем ќе плати 12 милиони фунти за Хоган.

Оваа сезона Хоган одигра 25 натпревари за Брентфорд и постигна 14 голови, а дебито за Вест Хем може да го има уште овој викенд против Кристал Палас.