Нема големи промени на АТП листата: Енди Мареј прв, Ѓоковиќ втор!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Енди Мареј и понатаму е прв тенисер. Иако беше поразен од Ѓоковиќ во финалето во Доха, Мареј остана на првото место со 12.560 бодови.

Ѓоковиќ е веднаш зад него со 11.780 бодови. Трет е Милош Раониќ, а во топ 10 имаше само една измена на 6-ти и 7-мо место, односно ги заменија местата Монфилс и Чилиќ.

Во женска конкуренција Плишкова и Цибулкова ги заменија позициите на 5-то и 6-то место. Кербер и понатаму е на првата позиција, пред Вилијамс и Радванска.