Дали ова конечно е крај на малерите: Линдзи Вон наскоро се враќа на патеките!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американската скијачка Линдзи Вон навести дека наскоро би можела да се врати на патеката.

„Напредувам.. Супер помина тренигот, па така ќе одам во Европа.“

Американката не ја ни започна сезоната, бидејќи ја скрши раката, а минатата исто така ја заврши порано поради повреда.

Тоа беше само продолжение на нејзините повреди во последните три сезони, бидејќи претходно 2 пати сериозно го повредуваше коленото.

Првата трка на програмата е за викенд во Алтенмаркт.

Линдзи Вон во кариерата 4 пати го освои Светскиот куп, во 2008, 2009, 2010 и 2012 година.