„Жал ми е што играчите од Барселона не беа тука“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар фудбалер во 2016 година по изборот на ФИФА.

Одличниот фудбалер на Реал Мадрид по прогласувањето на победникот даде изјава во која се заблагодари на поддршката.

„Не ми е прв пат да ја добијам оваа награда. Сакам да им се заблагодарам на соиграчите од Реал Мадрид и Зинедин Зидан, своето семејство, братот, девојката и сите останати.“

„За мене 2016 година беше најдобра во кариерата. Горд сум на оваа награда, уште еднаш се заблагодарувам на сите и им се заблагодарам на сите и жал ми е што играчите на Барселона не беа тука вечерва.“

Да потсетиме, Кристијано Роналдо пред неколку недели ја освои својата 4-та „Златна топка“ во фудбалската кариера.