Шокантна одлука на актуелниот шампион: Превц се повлече од Светскиот куп


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Актуелниот шампион во Светскиот куп во ски скокови Петер Превц одлучи привремено да ги заврши настапите во новата сезона.

Превц оваа сезона нема добри резултати, а по новогодишната турнеја одлучи дека е време за пауза.

Словенецот привремено одлучи да паузира од скоковите во оваа сезона, па сеуште не се знае кога ќе се врати на натпреварувањето.

Овој ски скокач минатата сезона доминираше во Светскиот куп, па заслужено ја освои титулата.

„Јасно е дека му е потребен одмор од скоковите и навистина му е потребна свежина. Не скока лошо, но едноставно не оди се како што треба оваа сезона.“