Потврдено – СП со 48 репрезентации – 16 групи со по 3 репрезентации


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Остана уште да се прифати предлогот на Инфантино во групната фаза да се укине нерешениот резултат.

Изгласано е. Повеќе нема дилема – светските фудбалски првенства ќе се играат по нов формат. ФИФА одлучи да го прошири СП од 32 на 48 репрезентации од 2026-та година. Како што беше соопштено од најголемата фудбалска организација, Мундијалот по нов формат ќе се игра во 16 групи по 3 репрезентации.

Главен виновник за ова е првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.

На состанокот на ФИФА одлуката беше донесена едногласно, па после СП во Русија 2018-та и Катар 2022-ра, Мундијалот ќе брои рекордни 48 репрезентации. За сега уште не е познато каде ќе се игра СП во 2026-та година, а форматот е познат.

Победа однесе омилената опција на Џани Инфантино, 16 групи со по 3 репрезентации од кои две ќе се пласираат во нокаут фазата која ќе брои 32 репрезентации.

Најновите проценки кажуваат дека ќе биде зголемен бројот на натпревари (од 64 на 80) и ќе му донесат заработка на ФИФА 600 милиони евра. Интересно е дека Европа може да смета на најмалку број дополнителни места. На досегашните 13 репрезентации најверојатно ќе бидат додадени уште три, При ждрепката во секоја група ќе има по една европска репрезентација.

Сега останува уште да се прифати предлогот на Инфантино во групната фаза да не се важат нерешените резултати туку победникот да се одлучува по шутирање на пенали. Првиот човек на светската куќа на фудбалот на ова инсистира за да се намалат можностите за местење резултати и останати малверзации.

Ова е прва промена на форматот и проширување после СП во Франција 1998-ма година кога на завршниот турнир за прв пат играа 32 репрезентации.