Ева не го препозна Дани Алвеш, Бразилецот порача: Барса требаше да дојде, се чувстував лошо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Водителката на ФИФА церемонијата Ева Лонгорија заблеска во победелникот во Цирих, но на убавата актерка и се случи една поприлично бизарна грешка.

Имено, после што прогласи дел од играчите што ја сочинуваат иделната екипа за 2016 година, водителката мораше да го даде микрофонот на Дани Алвеш.

Кога дојде време за тоа, актерката погледа во играчите и изгледаше дека нема поим кој од нив е Бразилец.

„Каде е Дани?“, рече Лонгорија. Со помош на останатите играчи и од својот водителски партнер, успеа да го декектира и му даде зборот.

А после гала вечерата, Дани Алвеш порача дека Кристијано Роналдо заслужено ја доби наградата, но и дека играчите на Барса требаше да дојдат.

„Наградата на Роналдо е заслужена. Моите гласови отидоа на други, но ова е фер избор“, рече Дани Алвеш па додаде:

„Играчите на Барселона требаше да дојдоа. Тоа е мое мислење. И повеќе отколку спремни да дојдат овде, а тогаш во среда играат натпревар. Нормално, мора да се почитува нивната одлука, но мислам дека мораше да бидат овде. Видов многу играчи на Реал Мадрид и се чувствував, многу лошо“.