Ентони Дејвис експлодираше – Вестбрук испушти трипл-дабл


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Минатата ноќ во НБА беа одиграни три натпревари во НБА лигата.

Њујорк ги пречекаа Њу Орлеанс, кои на крај победија со 110:96. Повторно најдобро беше Ентони Дејвид кој постигна 40 поени и 18 скокови. По него најдобар беше играчот на Њујорк, Брендон Џенингс со 20 постигнати поени.

Во Чикаго не успеаа да се спротистават на Оклахома, која победи со 109:94. Од самиот почеток Чикаго не успеа да ја врати неизвесноста во натпреварот. Беше во некои моменти и 25 поени разлика. Вестбрук постигна 21 поен, 14 асистенции и 9 скокови.

Во последниот натпревар Минесота беше подобра од Далас со 101:92, со 34 поени на Таунс. На другата страна Барнс постигна 30 поени, а Новицки 26.