Каква борба за шпанецот – Сега го сака и уште еден гигант


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гигантите во европскиот фудбал го сакаат фудбалерот на Свонси кој неколку пати беше и резерва оваа сезона.

Многу клубови се заинтересирани за Фернандо Љоренте, искусниот напаѓач кој оваа сезона игра во Свонси.

Него го сака Антонио Конте, во тоа нема сомневање после големиот број на медиуми кои ја пренесоа оваа информација. Италијанецот го сака до крајот на сезоната како подршка за Диего Коста кој е прв напаѓач, а тоа би значело дека Бачуаји ќе биде пратен на позајмица.

Сега има нов клуб заинтересиран за него, тоа е ПСЖ пренесоа шпанските медиуми.

Емери ќе се раздели со Хесе за кој има огромен број на заинтересирани клубови, а Љоренте со своето искуство би можел многу да помогне.