Официјално: Гвардиола остана без зимската желба, играчот на Баерн си најде нов клуб!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако беше на мета на Манчестер Сити, стоперот на Баерн Минхен ќе остане во БЛ.

Како што потврди Баерн Минхен, Холгер Бадштубер до крајот на сезоната ќе игра на позајмица во Шалке.

Тој поради проблеми со повреди, оваа сезона одигра само 217 минути, па Анчелоти одлучи дека најдобро за него ќе биде да замине на позајмица.

„Благодарен сум му на Баерн што ми дозволи да заминам во Шалке каде што ќе можам да играм повеќе и да се вратам во форма.“