Златното купување на Интер – Бисерот на Аталанта доаѓа во среда! Познати сите детали за трансферот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Клубовите се согласија.

Повеќе нема дилема, Интер го обезбеди потписот на првото големо засилување оваа зима.

Се работи за Роберто Гаљијардини. Сега се познати сите детали и трансферот ќе биде комплетиран во среда.

Италијанскиот Скај соопшти дека Интер и Аталанта постигнаа договор кој ќе изгледа вака: позајмица до крајот на сезоната за 2 милиони евра плус опција за купување на лето за 20 милиони евра.

Медицинските прегледи се закажани и ќе бидат завршени утре. Ако се биде како што треба само потпис ќе го дели Гаљијардини од најголемиот трансфер во кариерата.

Младиот италијанец е огромна желба на тренерот Пиоли, а посебно на кинеските сопственици. Младиот репрезентативец на Италија е виден како носител на играта во следните години и поради тоа се инсистираше на негово доаѓање.

Гаљијардини ќе има можност да се адаптира на условите во Интер до летото бидејќи новиот клупски проект стартува од јуни кога ќе биде вложена огромна сума на пари за составување на нов тим.