Брегалница има нов голман, а еден фудбалер го продолжи договорот

January 10th, 2017 | by stefan
Брегалница има нов голман, а еден фудбалер го продолжи договорот
Македонија
0

Македонскиот прволигаш, Брегалница доведе нов голман.

После заминувањето на Матија Кобетиќ и Борјан Ристоски, Брегалница остана без голман, но проблемот за брзо време беше решен.

Се работи за Дејан Апостоловски поранешен голман на Пелистер, Младост Царев Двор и Победа. А еден од најдобрите фудбалери на Брегалница, Александар Темелков го продолжи договорот со клубот.

Брегалница ќе остане во Штип до 21-ви јануари, а потоа заминува за Сандански, Бугарија каде ќе одигра неколку пријателски натпревари.

Comments are closed.

I Like SuperSport close[x]
Или почекајте 20 секунди