Монако преку пенали до полуфинале!

January 10th, 2017 | by Dare Smilanov
Монако преку пенали до полуфинале!
Франција
0

Фудбалерите на Монако се пласираа во полуфиналето на купот од Франција после денешната победа против екипата на Сошо каде што се изведуваа пенали.

Сошо имаше подобра игра во првите 45 минути каде што и заминаа со преднос од 1:0 со голот на Андриацима во 16тата минута.

Монако се мачеше целиот натпревар, имаа шанси но до изедначување дојдоа во 84тата минута кога Мутињо стрелаше и беше херој денеска.

Потоа имаше шанси, дуелот беше интересен но без голови, со што следеше и пенал рулет каде што Монако беше подобар со резултат 4:3.

Во другиот натпревар денеска Нанси беше подобар од екипата на Нант со 2:0.

Comments are closed.

I Like SuperSport
Или почекајте 20 секунди