Кој го наговори Оскар да дојде во Кина?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчот за врска од Бразил Оскар ги напушти во овој јануари редовите на екипата на Челси и премина во кинеската лига, во екипата на Шангај.

Челси за него инкасираше дури 60 милиони евра, а странските медиуми пренесуваат дека Бразилецот во Кина ќе биде повеќе платен дури и од двајцата најдобри фудбалери на светот Роналдо и Меси.

Сепак, помалку позната приказна е како Оскар на крајот се одлучи за овој потег.

Имено, тој моментално ја дели соблекувалната со својот сонародник Хулк, а токму Хулк го наговори на овој потег.

Оскар на него се обрати кога беше во дилема што да направи, а Хулк го советуваше дека доаѓањето во Кина е вистински потег.

“Разговарав со Оскар пред што да се одлучи да дојде. Му реков дека Шангај е преубав град, клубот е фантастичен и ќе стане уште подобар во наредните денови. Исто така му реков дека моите соиграчи се многу пријателски настроени што влијае да се чувствувам многу пријатно.

После што слушна што му реков, дојде“, рече Хулк.

Да потсетиме дека Оскар веќе се запиша во листата на стрелците и тоа во дебито за новиот клуб.

Беше тоа во пријателскиот меч против Ал Батин од Саудиска Арабија, а Шангај на крајот славеше со 2:1.