Шампионот падна против Јута – Нов трипл-дабл на Харден


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во минатата ноќ беа одиграни 10 натпревари во НБА лигата.

Вашингтон на отворањето на програмата го победи Чикаго со 101:99. Нив до победата ги однесе Џон Вол со 26 поени и 14 асистенции, а го следеа Бил и Морис со по 19 постигнати поени.

Торонто во дербито на Истокот го победи Бостон со 114:106. Одлична вечер имаше ДеРозан кој постигна 41 поен и 13 скокови.

Хјустон стигнаа од 9-та победа по ред откако го победија Шарлот со 121:114. Кај нив најдобар беше Џејмс Харден кој стигна до нов трипл-дабл. Тој постигна 40 поени, 15 скокови и 10 аистенции. Кај гостите најдобар беше Кемба Вокер со 25 поени и 10 асистенции.

Шампионот беше поразен од Јута со 100:92, а најдобар во тимот беше Леброн Џејмс со 29 поени и 6 скокови.

Останати резултати:

Бруклин – Атланта 97:117
Сан Антонио – Милвоки 107:109
Лејкерс – Портланд 87:108
Сакраменто – Детроит 100:94
Голден Стејт – Мајами 107:95