Лу си замина од Мерцедес: Следна дестинација ќе му биде Вилијамс


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Техничкиот директор на Мерцедес, Пади Лу ја напушти таа функција. Тој би требало да премине во Вилијамс, но сеуште нема договор со англискиот тим.

54-годишниот Лу беше еден од најзаслужните луѓе за доминацијата на Мерцедес во Ф1 во последните 3 години. Германскиот тим ја освојуваше двојната титула од 2014 до 2016 година.

Мерцедес негова замена пронајде во Џејмс Алисон.

Некои медиуми пишуваат дека англискиот тим сака да го ангажира техничкиот директор на Торо Росо, Џејмс Киј.

Иако Алисон ќе ја превземе функцијата која ја извршуваше Лу, не се очекува дека ќе биде член во управата.