„Станува збор за лична работа, никој не е совршен“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Дерик Роуз мистериозно исчезна минатата ноќ и не играше против Њу Орлеанс, но по враќањето во Њујорк објасни што се случило.

Роуз без никаква најава отпатувал во Чикаго.

„Стануваше збор за лична работа и нема врска со тимот и кошарката. Сфаќам дека сум одговорен, бидејќи не се јавив на тренерот и клубот. Жал ми е поради тоа, никој не е совршен.“

Роуз по враќањето во Њујорк разговарал и со тренерот и претседателот на клубот и тие го прифатиле неговото објаснување.

„Разговарав со сите по натпреварот. Сите разбраа за мојата ситуација и ја прифатија. Ова не сум јас, никогаш не би направил такво нешто.“

Роуз на коментарите и прашањата на новинарите дали воопшто сака да биде дел од екипата јасно одговори:

„Секако. Не сфаќам зошто се поставени воопшто прашањава.“