Рели Дакар: Лоеб пред Петерхансел


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на Пежо, Себастијан Лоеб победи на 8-та етапа во Дакар, возена од Боливија до Аргентина и така го превзема водството во генералниот пласман.

Покрај победата на Лоеб, етапата ја одбележаа нови проблеми за организаторите поради временските услови, па таа мораше да биде скратена. Да потсетиме, поради дожд, 6-та етапа беше откажана.

Пред 8-та етапа, рекордерот по број на победи во Дакар, Стефан Петерхансел имаше минута и 57 секунди предност пред својот тимски колега. Сепак, по доминантното возење во 8-та етапа, тој сега е во водство и има минута и 38 секунди предност пред Стефан.

Разликата можеше да биде уште поголема ако Лоеб немаше проблем со дупнатата гума по влегувањето во Аргентина.

Во конкуренција на мотори, победи Бареда на Хонда, пред двата возачи на КТМ, Вокнер и Сандерленд.

Дакар продолжува во среда со етапа од Салта до Чилесит долга 977 км.