Редно време беше да се засилат: Најслабата одбрана во ПЛ добива нов играч!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога по 20 натпревари ќе примите 45 голови, логично е во зимскиот преоден рок да донесете засилувања во одбраната.

Најслабата одбрана во ПЛ наскоро ќе биде засилена со Мартин Олсон од Норвич.

Трансферот ќе изнесува 5 милиони фунти, па сега останува само играчот да ги договори условите со Свонси.

Станува збор за играч на Шведска кој игра како лев бек, а Олсон би требало да биде прво засилување за Свонси.

За разлика од Олсон, стоперот на Ливерпул(Сако) би можел да чини до 20 милиони фунти, но тимот од Велс не е во позиција да преговара.