Фудбалерoт на Манчестер Сити не сака во Кина: Се зголемува листата на играчи кои ги одбија Кинезите


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Сити, Јаја Туре не прифати богата понуда од Кина. Туре на почетокот на сезоната беше во немилост на Гвардиола, но овој играч доби шанса во последно време и игра во старата форма.

Неговиот агент Селук откри дека била одбиена понуда од кина.

„Имаше понуда подобра од таа на Витсел, но Туре не ги сака повеќе парите од фудбалот.“

Тој има намера да одигра уште неколку сезони, а има договор со Сити до крајот на сезоната.

33-годишниот Туре ја започна кариерата во Беверен, а играше за Металург Доњецк, Олимпијакос, Монако, Барселона и Сити.

Во кариерата има освоено Ла Лига, кралски куп, Суперкуп на Шпанија, ЛШ, европски Суперкуп, ФИФА светско клупско првенство, ПЛ, Фа куп..