Луис Суарез има причина зошто да ја мрази ФИФА!

0

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез е избран во најдобриот ФИФА состав за 2016 година.

Играчите на Барселона не беа на претставувањето во Цирих, а доколку беа, Суарез ќе беше многу лут.

Играчите беа претставени преку фотографии, но очигледно организаторите не најдоа добри слики за некои фудбалери.

Па така Суарез е претставен со фотографија која потсетува на канабализам.

Да потсетиме, Суарез доби казна од 9 натпревари откако го гризна Киелини и тоа не му е прв пат.

Share.