Милан го меркаше, но оди во Јувентус! Дијамантот од Серија Б ќе игра за Старата дама (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека трансферот на Рикардо Орсолини од Асколи само треба да се официјализира.

Наводите во Италија велат дека Јувентус ја завршил зделката околу Рикардо Орсолини, фудбалер на Асколи, тим од Серија Б.

Се истакнува дека во прашање е откуп вреден 4.5 милиони евра, но дека Старата дама ќе испрати некои играчи во Асколи за таа сума.

Овој крилен играч беше поврзуван со Милан во оваа зима, но во последната недела црно-белите од Торино се испоставија како главен купувач.

Спортмедиасет пишува дека овој трансфер практично е готов и дека во спротивна насока ќе замине Елвис Кабаши кој моментално е на позајмица во Понтедери, но и уште еден играч од Примавера.

Адријано Галијани пред крајот на декември Орсолини го опиша како добар играч и истакна дека му се допаѓа и дека го гледа како замена за Сусо. Сепак, Орсолини судејќи по се замине кај Старата дама.

За ова момче се интересираше и Вотфорд, како и Аталанта.