Вест Хем пазарува во Италија: Билиќ заинтересиран за фудбалер на Милан

January 11th, 2017 | by Dejan Cvetkovski
Вест Хем пазарува во Италија: Билиќ заинтересиран за фудбалер на Милан
Вести
0

М`Баје Нианг во јануарскиот преоден рок би можел да ги напушти редовите на Милан.

Тој во досегашниот дел од сезоната беше многу критикуван за своите лоши игри, па во последно време се зборува дека тој може да замине.

Италијанските медиуми пренесуваат дека на адресата на овој клуб пристигна понуда за Нијанг.

Наводно, Нианг во своите редови го сака Вест Хем кој бара замена за Заза.

Овој 22-годишен играч не крие дека сака да игра во ПЛ, а по се изгледа дека Вест Хем ќе биде негова следна дестинација.

Вест Хем ќе мора да плати 20 милиони евра најмалку доколку сака да преговара со фудбалерот.

Нианг одигра 16 натпревари во оваа сезона во Серија А за Милан и 3 пати постигна гол.

Comments are closed.