Ракометното шоу може да започне: Започнува СП во Франција, Македонија во групата Б!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во Франција започнува СП во ракомет, а во првиот ден од натпреварувањето домаќинот денес ќе игра против Бразил од 20:45 во Нант.

Во групата А се наоѓаат Франција, Полска, Бразил, Јапонија, Русија и Норвешка.

Во групата Б се наоѓаат Шпанија, Словенија, Македонија, Исланд, Тунис и Ангола.

Во групата Ц се наоѓаат Германија, Хрватска, Белорусија, Унгарија, Чиле и Саудиска Арабија.

Во групата Д се наоѓаат Катар, Данска, Шведска, Египет, Бахреин и Аргентина.

Во 1/8-финалето ќе се пласираат 4-те најдобри тимови од секоја група, а треба да се спомене дека ќе играат тимовите кои ќе поминат од група А и Б, односно тимовите од Ц и Д во 1/8-финалето.

Натпреварите од 1/8-финалето и ¼-финалето ќе се играат во Монпеље, Албертвајл, Париз и Лил додека завршницата ќе се одржи во Париз.

Нашата репрезентација со ова ќе го има настапот на 5-то големо натпреварување во историјата.

Македонија најпрво ќе започне во четврток од 17:45 против селекцијата на Тунис. Потоа играме против Ангола во сабота од 20:45.

Во 3-то коло на 16-ти јануари од 17:45 ќе играме против Словенија, а потоа следи жесток натпревар против Шпанија на 18-ти од 20:45.

Во последното коло во четврток од 17:45 ќе се пресметаме со ослабениот Исланд.

Светското првенство е на програмата од 11 до 29 јануари.