Лазаров е избран за најдобар играч во декември


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Капитенот на македонската репрезентација и ракометар на Барселона, Кирил Лазаров доби награда од ЕХФ.

Лазаров е прогласен за најдобар играч во декември.

„Чест ми е да бидам најдобар ракометар за месец декември, првпат во мојата кариера. Ако земеме предвид колку ѕвезди се дел од европскиот ракомет, тогаш ова добива дополнително на тежина. Воодушевен сум. Им благодарам на сите кои гласаа за мене. Декември беше специјален месец, го победивме ПСЖ во „Палау Блауграна“ и останавме на врвот на листата на европскиот ракомет“, изјави Лазаров.

Македонецот на крајот заврши пред Филип Ивиќ од Киелце, Јонас Калман од ПИК Сегед, Жулиен Агинагалде од Киелце и Алекс Душебаев од Вардар.