Евертон го купува поранешниот напаѓач на Интер и Парма


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Исак Белфодил е на пат за Ливерпул, пишуваат англиските медиуми.

Репрезентативецот на Алжир има закажани лекарски прегледи во Евертон и доколку ги помине во најдобар ред ќе потпише договор со „Карамелите„

Стандард Лиеж ги прифати 10.4 милиони фунти на Евертон.

Како тинејџер играше во ПСЖ, Клермон и Лион, тоа бидејќи неговите родители се доселиле од Алжир во Париз.

Дебитираше за првиот тим на Лион во 2009, а го сврте вниманието кон себе после авантурите во Италија.

Играше во Болоња како позајмен, па потоа во Парма каде што се покажа и го купија од Интер, не доби прилика во Интер, беше на позајмица во Ливорно и потоа беше вратен во Парма и таму беше се додека не пропадна тимот.

Играше во Обединтите Арапски Емирати па летото потпиша за Стандард Лиеж.