Сити прекрши правило во врска со антидопинг тестовите, ФА испрати тужба!

January 11th, 2017 | by Dare Smilanov
Сити прекрши правило во врска со антидопинг тестовите, ФА испрати тужба!
Англија
0

Фудбалската асоцијација на Англија потврди дека Манчестер Сити ги прекрши правилата за антидопинг контролата.

ФА потврди дека Сити навреме не ги испратиле податоците за редовните антидопинг тестови вршени врз своите играчи, што крена оган во англиски медиуми кои веднаш најавија нов скандал на повидок.

Сити има рок до 19ти јануари да ги достави податоците во фудбалската асоцијација на Англија.

Од Сити одбија да зборуваат во врска со овој скандал.

Comments are closed.