Кој го убеди Хамес да остане во Реал?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Разговорот со еден човек пресуди.

Не само што во 2016-та година освои седум трофеи, Кристијано Роналдо изгледа е и добар за давање совет.

Ѕвездата на Реал Мадрид беше клучен човек во одлуката на Хамес Родригез во актуелниот преоден рок да не го напушти стадионот Сантијаго Бернабе. Тоа е тврдењето на колумбискиот Конфиденсијал.

Роналдо на Родригез му кажал дека зимскиот преоден рок не е добар тајминг за преселување во нов клуб после што овој го одби Челси иако многу тврдеја дека претходно постигнал договор со сините и дека тие сакале на сметка на Реал да префрлат 90 милиони евра.

После разговорот со Роналдо, колумбиецот одлуката ја промени, а за тоа е доказ тоа што беше стартер на натпреварот во купот на кралот против Севиља во кој постигна два погодоци и одигра 45 минути против Гранада во кој запиша асистенција.