Започнување на СП како што му доликува на еден домаќин – Бразил декласиран на почетокот од Франција!

January 11th, 2017 | by Dejan Cvetkovski
Започнување на СП како што му доликува на еден домаќин – Бразил декласиран на почетокот од Франција!
Вести
0

Денес започна СП во ракомет во Франција со натпреварот помеѓу домаќинот и Бразил.

Домаќинот немаше милост за Бразилците и ги декласираше со неверојатни 31:16.

Во текот на целиот натпревар Бразил имаше проблем да ја пробие одбраната на Франција, која играше многу лесно против Бразил кој очигледно не беше достоен противник за нив.

Во првото полувреме Французите успеаа да направат неколку серии и благодарение на нивната добра игра стигнаа до водство од 17:7.

До крајот на натпреварот се беше само рутинска игра и лесна победа за домаќинот, кој ќе биде главен фаворит да ја освои титулата на ова СП.

Најдобар стрелец на натпреварот кај домаќинот беше Валентин Порт со 6 постигнати голови додека кај Бразил најдобар стрелец беше Хосе Толедо со 5 постигнати голови.

Исто така треба да напоменеме дека голманот на Франција, Венсан беше неверојатен на голот.

На првиот натпревар на овој ракометен спектакл беа присутни 15 609 навивачи.

Comments are closed.