Ливерпул на колена на Сен Мери – Саутемптон со еден погодок предност пред реваншот (ВИДЕО)

0

Фудбалерите на Саутемптон на Сен Мери славеа минимално против Ливерпул во првиот натпревар од Capital One купот.

Првиот погодок на натпреварот го видовме после дваесет минути игра на теренот. Родригез му асистираше на Редмонд кој погоди за водство на Саутемптон, 1:0.

Во второто полувреме мируваа мрежите. Кутињо и Ориги влегоа во второто полувреме, но не му помогнаа на својот тим да избегне пораз. Саутемптон на крајот победи, 1:0.

Реваншот се игра на 25-ти јануари на Енфилд.

Share.