Кој друг ако не тој – Лионел Меси од слободен удар го елиминира Билбао (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона на Камп Ноу славеа со 3:1 во натпревар од осминафиналето од купот на кралот против Атлетик Билбао.

Во првото полувреме Нејмар му асистираше на Суарез кој постигна фантастичен погодок за водство на Барселона.

На почетокот на второто полувреме беше досуден пенал за каталонците. Нејмар ја намести топката на белата точка и зголеми на 2:0. Само после три минути имаше промена на семафорот. Саборит ја затресе мрежата на Барселона за 2:1. Дванаесет минути пред крајот на натпреварот Лионел Меси од слободен удар му донесе победа и пласман во четвртфинале на својот тим.

Во останатите натпревари кои се одиграа денес Алавес ремизираше против Ла Коруња, 1:1 и се пласира понатаму. Алкоркон ја совлада на гости Кордоба и се пласира во 1/4 финале и Виљареал ремизираше на Мадригал против Сосиедад, но обезбеди пласман во 1/4 финале.